Седлоски: Далеку од тоа дека било што е готово – ние одиме да покажеме што можеме!

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Вардар утре го играат реванш натпреварот во квалификациите од Конференциската лига против Лозана откако во Скопје минатата недела црвено-црните славеа победа со 2-1.

И покрај победата на Вардар во првиот дуел, Лозана и понатаму ја има фаворитската улога, а тренерот Гоце Седлоски истакна дека работата е далеку од завршена.

„Одигравме само едно прво полувреме од овој двомеч. Далеку дека било што е готово. Ние одиме утре да покажеме што можеме и колку можеме. Вардар ќе тргне максимално ангажирано, одговорно и прагматично. Ќе се обидеме максимално да сме фокусирани, и да ги искористиме шансите“

Закариќ го пропушти првиот натпревар поради повреда, сега е во составот, но не е сигурно дека ќе биде на теренот од првата минута.

„Горан Закариќ е со нас во тимот исто така како што беше и во Скопје. По денешниот тренинг ќе одлучам што и како околу составот. Што се однесува до вештачката трева, ние сме оодготвени на се. Трениравме на неа, вештачки терен имаме во нашата база. Тоа воопшто не е тема за нас. Ние гледаме да одиграме како што знаеме и умееме, како што покажавме и во Скопје. Посакувам доба меч, против сериозен ривал. Па нека победи подобриот“

Натпреварот е закажан за во терминот од 20:15 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×