Томас Милер оди во МЛС, но нема да игра во САД!

by 24 фудбал
1 минути читање

Томас Милер замина од Баерн Минхен и кариерата ќе ја продолжи во МЛС лигата. Легендата на баварскиот клуб по 25 години верност ќе го облече дресот на Ванкувер Вајткапс, потврди Фабрицио Романо.

Долго се најавуваше дека Милер кариерата ќе ја заврши „преку океанот“, а сега е јасно дека ќе игра во Канада. Со Вајткапс потпиша двегодишен договор и ќе се обиде да остави трага и на другиот континент.

Во еден момент сериозно размислувал за пензија, но сепак одлучил да прифати нов предизвик и да продолжи со активен фудбал.

Милер дебитираше за првиот тим на Баерн во 2008 година, а оттогаш одигра 756 натпревари, освои Лига на шампиони, десетина титули во Бундеслигата и многу други трофеи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×