Фудбалската федерација на Македонија го одржа извлекувањето на паровите во Купот на Македонија.
Станува збор за паровите во првото коло кое го скокаат финалистите Вардар и Струга. Поради тоа беа извлечени 14 двојки, а по откажувањето на Беса слободна во првото коло ќе биде Пчиња. Ова значи дека во осминафиналето ќе игра барем еден третолигаш, а тоа ќе биде клубот од Куманово.
- Парови за првото коло на Купот:
Башкими Јаболчиште – Детонит Плачковица
Шкендија Арачиново – Каменица Саса
Беласица – Арсими
Јени Маале – Шкендија
Карбинци – Работнички
Евротип – Силекс
Победа Валандово – Брегалница
Тетекс – Пелистер
ГФК Охрид Лихнидост – Брера
Љуботен – Македонија ЃП
Скопје – Тиквеш
Кожуф – Шкупи
Победа – Башкими 1947
Пчиња – слободна поради откажувањето на Беса
Првата рунда од Купот на Македонија се игра кон крајот на август.