198
Новиот прволигаш Арсими се обидува да го засили составот за својата дебитантска сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), ново лице во нападот ќе биде Сикиру Олатунбосун од Нигерија.
Се работи за фудбалер кој го познава македонскиот фудбал бидејќи претходно настапуваше за Воска, а во својата кариера има играно во клубови од Турција, Египет, Албанија и Нигерија.
Сикиру Олатунбосун е крилен напаѓач, има 29 години, па Арсими се надева дека ќе има корист од неговото знаење и искуство.