Поранешниот соиграч на Аријан Адеми, Бруно Петковиќ кој летово го напушти Динамо Загреб, смета дека македонскиот фудбалер е најдобриот играч на хрватскиот гигант на сите времиња.
Петковиќ во интервју во кое опфати многу теми, говореше и за Аријан Адеми.
„Адеми, според мене, е најдобриот фудбалер во историјата на Динамо Загреб. Иако играа многу фудбалери во овој тим, тешко е да направам листа“, кажа Петковиќ.
Хрватот зборуваше и за минатата сезона во која Динамо не успеа да ја освои титулата.
„Имавме идентична сезона и претходно. Таа требаше да ни биде предупредување. И пред самиот крај на оваа сезона не бев подготвен. Адеми и јас имавме состанок со сите во клубот и на крајот заврши неуспешно. Требаше почесто да зборуваме со соиграчите и да им ја кренем самодовербата“, посочи поранешната ѕвезда на Динамо.