207
Даниел Донгмо беше еден од најдобрите играчи на Вардар на првиот меч против Лозана кој црвено-црните го добија со 2-1. Тој го има рецептот за успех.
Донгмо беше неуморен на средината на теренот каде освои многу топки. Тој сака Вардар да ја повтори добрата игра и во Лозана.
„Првиот натпревар беше одличен, мора да го повториме истото и да победиме во Лозана за влез во следното коло. Мислам дека најсилна страна на Вардар е средниот ред. Ако ја добиеме битката на средината од теренот, мислам дека ќе победиме“ изјави Камерунецот.
Натпреварот во Лозана е закажан за в четврток во терминот од 20:15 часот.