250
Шкендија Арачиново комплетира тренерска смена и во ВМФЛ ќе влезе со искусно име на клупата.
Иако по крајот на минатата сезона тимот од Скопје го презеде Шабан Сулејман, тој нема да го поведе тимот во второлигашките битки. На неговото место е промовиран искусниот стратег Љупчо Марковски – Калц.
58-годишниот тренер доаѓа во Шкендија Арачиново откако замина од Скопје, каде што ќе биде заменет од Александар Таневски.
Се очекува Калц да биде сериозно „засилување“ за клубот од Арачиново од клупата за кам-бекот во ВМФЛ.