Викендов почна новата сезона од најдобрата швајцарска лига, а противникот на Вардар, екипата на Лозана тргна со победа изборена во 93. минута.
Лозана со 3-2 го победи Винтертур, гостите мечот го завршија со десет фудбалери поради црвен картон во 88. минута.
Противникот на Вардар двапати губеше на овој дуел, но успеваше да се врати, а на крајот со играч повеќе дојде и до победа.
Диаките во 61. минута погоди за 1-1, Сене во 81. изедначи на 2-2.
А Диаките кој беше стрелец и на прекрасниот гол на Градски, со својот втор погодок, овојпат во 93. минута ја донесе победата за Лозана.
Ова не беше некое убедливо издание на Лозана, но некако успеаа да ја остварат целта и да ги освојат бодовите.
Мечот меѓу Лозана и Вардар се игра во четврток со почеток од 20:15 часот. Македонскиот тим ќе влезе со предност од 2-1.