Официјално: Вања Милинковиќ Савиќ е нов голман на италијанскиот првак

by 24 фудбал
0 минути читање

Наполи го официјализираше ангажманот на Вања Милинковиќ Савиќ, кој пристигна од Торино.

Трансферот е оформен како позајмица со задолжителен откуп за 21,5 милиони евра, сума што ќе се исплати на рати во наредните четири години.

Српскиот голман доаѓа по желба на Антонио Конте и ќе конкурира за место во стартниот тим. Милинковиќ Савиќ претходно играше за Војводина, Манчестер Јунајтед, Лехија, а од 2020 беше незаменлив во Торино со 158 настапи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×