252
Македонскиот прволигаш Шкупи продолжува со засилувањата, а најново име во тимот е Ардит Дестани.
Станува збор за 21-годишно лево крило кое доаѓа од редовите на Парадисо, клуб што се натпреварува во третата швајцарска лига. Дестани ја мина минатата сезона таму, а претходно беше дел од Вадуц од Лихтенштајн, тим кој игра во втората швајцарска лига.
Како и неколкумина претходници кои дојдоа од пониски лиги, останува да се види дали младиот офанзивец ќе успее да се наметне и да биде квалитетно решение за чаирчани. Сепак, останува впечаток дека иако едвај ги смирија навивачите во Шкупи пак се решија за анонимен фудбалер.