Андреа Пирло замина на егзотичен предизвик во Дубаи!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалскиот клуб Јунајтед од Дубаи официјално го назначи Андреа Пирло за нов шеф на стручниот штаб и со тоа најави амбициозен проект пред стартот на новата сезона.

Поранешниот ас на Милан и Јувентус веќе пристигна во ОАЕ, каде наскоро ќе ги започне подготовките со новиот тим кој настапува во Втората лига.

Со задоволство објавуваме дека Андреа Пирло е нов главен тренер на нашиот прв тим“, објавија од клубот.

Пирло како играч освои сè што може да се освои – од Лига на шампиони, преку титули во Серија А, до светска круна со Италија. По завршувањето на кариерата тргна по тренерски води, водеше клубови како Јувентус, Фатих Карагумрук и Сампдорија, а сега за првпат ќе работи на Блискиот Исток.

Од него се очекува да донесе дисциплина, визија и европски менталитет, со цел Јунајтед да направи исчекор и да се бори за промоција во елитата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×