Меси одби да игра, а сега гледа кон казна од МЛС!

by 24 фудбал
1 минути читање

Лионел Меси ја прескокна Ол-стар средбата во МЛС, а тоа би можело да му донесе суспензија од еден натпревар.

Аргентинецот требаше да стартува за тимот на ѕвездите од американската лига против најдобрите од мексиканската Лига МХ, но само неколку часа пред мечот клубот од Мајами соопшти дека Меси и Џорди Алба нема да играат, без да наведе причина.

Според правилникот на МЛС, играчите кои се повикани на Ол-стар дуелот мора да настапат, освен ако не се повредени или немаат друг оправдан изговор. Доколку лигата процени дека изостанокот бил неоправдан, Меси ќе мора да го пропушти следниот меч против Синсинати.

Иако викендов постигна два гола против Њујорк и изгледаше во одлична форма, од клубот најавуваа дека тој и Алба имаат потреба од пауза по напорниот распоред со МЛС и Светското клупско првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×