240
Вардар денеска со почеток од 20:30 часот ќе ја пречека Лозана во второто квалификациско коло од Конференциската лига, а гостите имаат проблеми со повреди пред денешниот дуел.
Тренерот Петер Цајдлер потврди дека нема да може да смета на два важни играчи.
22-годишниот Алвин Санчез кој важи за најдобар во тимот, неговата вредност е 14 милиони евра, има повреди на лигаментите и се очекува на теренот да се врати дури во октомври.
Во овој преоден рок Лозана се засили и со играч од Манчестер јунајтед. Напаѓачот Енцо Кана-Бијик потпиша на позајмица со швајцарскиот тим, но ќе почека за настап.
Тој е повреден и е на детални лекарски прегледи во клубот, по што ќе се знае колку долго ќе паузира.