ВАР треба да донесе поголема регуларност во фудбалот, но за тоа се потребни луѓе што знаат да го користат, а тоа е нешто што очигледно недостига во Гибралтар.
Контроверзен момент го одбележа натпреварот меѓу Линколн и Црвена Звезда во квалификациите за Лигата на шампионите. Српскиот тим славеше со 1-0, стрелец беше Португалецот Дуарте, но голот предизвика голема полемика.
Ситуацијата беше на граница на офсајд, а кога ВАР се вклучи и се појави сликата со нацртаната линија, стана уште појасно дека нешто не е во ред. Линијата која требаше да ја одреди офсајд-позицијата не беше ниту блиску до паралелна со онаа од шеснаесетникот.