Јувентус го откупи Франциско Консеисао од Порто за сума од околу 30 милиони евра.
„Старата дама“ го задржува Португалецот во своите редови откако минатата сезона ја мина на позајмица во Торино и со тоа му ја исполни желбата на тренерот Игор Тудор. Консеисао стави потпис на договор до 2030 година со Јувентус.
Овој трансфер ќе биде реализиран за 30 милиони, ама оваа сума Јувентус нема да ја плати одеднаш. Одново италијанскиот клуб се договори да купи фудбалер на рати, а за Консеисао на Порто ќе му исплаќа во четири етапи.
Francisco Conceicao bianconero a titolo definitivo ⚪️⚫