219
Шкупи се пофали со уште едно засилување за новата сезона, а тоа е искусен дефанзивец.
Нов член на чаирчани е Арсим Љамалари кој минатата сезона настапуваше за Беса 1976. Сепак, по испаѓањето на овој клуб тој замина и сега потпиша со Шкупи.
Во својата кариера Љамалари тргна преку Еуромилк Горно Лисиче, потоа имаше два ангажмани во турски нисколигаши, а кам-бекот во мак-фудбалот му беше во Скопје. Потоа со успех го носеше дресот на Силекс пред да се пресели во Беса.