Контроверзниот сопственик на Стеауа, Џиџи Бекали имал свое шоу за време на мечот меѓу Шкендија и неговиот тим и тоа командувал од Романија.
Според романскиот медиум „ДигиСпорт“, Бекали не бил задоволен од играта на капитените Дариус Олару и Раду Шут и телефонски наредил тие да бидат заменети. Тоа се случи во 63. минута кога двајцата излегоа. На нивно место влегоа Овидиу Периану и Мариус Стефанеску.
Само две миунти подоцна Шкендија го постигна единствениот гол на мечот со кој дојде до победа од 1-0.
Стеауа по замената беше уште послаба. Џиџи Бекали бил бесен и одлучил нововлезените Овидиу Периану и Мариус Стефанеску да не бидат во тимот за следните натпревари. Тоа го кажал на ТВ.
„Периану и Стефанеску немаат место во овој тим. Тие ќе бидат избришани од списокот за европски натпревари“, кажа Бекали во живо.
Реваншот меѓу ФЦСБ и Шкендија се игра на 30 јули од 19.30 часот во Букурешт.