Новинарот Дејвид Орнштајн вели дека Спортинг и Арсенал се многу блиску до целосен договор за трансфер на Виктор Ѓокереш, сега се пеглаат последните детали од зделката.
Пред десетина дена, Спортинг и Арсенал начелно постигнаа договор за трансфер на Виктор Ѓокереш, откако агентот се откажа од својата провизија, двата клуба си подадоа рака за зделка вредна околу 63,5 милиони евра, плус додатни 10 милиони евра во бонуси.
Но минатата недела наместо да пристигне абер за реализирање на трансферот, преговорите влегоа во нов ќор сокак, таткото на играчот дури и се расплакал по еден од неуспешните состаноци.
Двата клуба никако не успеваа да најдат заеднички јазик за структурата на бонусите, се говореше дека Арсенал предложил да има бонуси поврзани со триумф во Премиерлигата и Лигата на шампиони, нешто што не било прифатено од Спортинг.
„Лавовите“ сметале дека ова се прилично тешко остварливи цели, па инсистирале на работи кои лесно можат да се остварат и бонусите од 10 милиони евра да бидат практично загарантирани.
Останува да се види каков компромис бил постигнат изминативе денови, но новинарот Дејвид Орнштајн вели дека Спортинг и Арсенал се многу блиску до целосен договор за трансфер на Виктор Ѓокереш.
Сега останува да се испеглаат само деталите.
🚨 EXCLUSIVE: Arsenal & Sporting CP on verge of total agreement for Viktor Gyokeres. €63.5 + €10m already struck but add-ons needed work – now finishing touches, conclusion imminent. #SportingCP striker wanted #AFC only; 5yr contract ready @TheAthleticFC https://t.co/eLGZRzMhdJ
— David Ornstein (@David_Ornstein) July 22, 2025
ФОТО: X/Sporting CP