Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Челси ќе бара помеѓу 80 и 100 милиони фунти за продажба на Николас Џексон, сметаат дека Сенегалецот е подобар од Уго Екитике и затоа поставиле таква цена.
Николас Џексон се посочува како една од опциите на Манчестер јунајтед за засилување на нападот, но Челси нема лесно да се откаже од напаѓачот.
Како што пренесува Скај Спортс, ако „ѓаволите“ пројават сериозен интерес, како бенчмарк ќе биде поставен трансферот на Уго Екитике во Ливерпул вреден 79 милиони фунти.
Челси сметаат дека Николас Џексон е подобар напаѓач, има подобар скор и инволвираност во голови и тоа во подобро првенство, па затоа и неговата цена е повисока, односно од 80 до 100 милиони фунти.
Останува да се види дали Манчестер јунајтед е подготвен да плати ваква сума, или дали некој друг клуб ќе достави предлог.