216
Бразилскиот ветеран Хулк и натаму е во одлична форма во дресот на Атлетико Минеиро, каде што се врати во татковината на залезот од кариерата, но очигледно уште има многу да понуди.Во сезоната што е во тек, Хулк веќе одигра 29 натпревари и постигна 15 голови, а последниот од нив беше вистинско ремек-дело.
Против Палмеирас, во самата завршница од натпреварот, искусниот напаѓач доби шанса од слободен удар и ја искористи на мајсторски начин.
Хулк покажа дека сè уште има „топ“ во нозете со ударот кој го испрати директно во аголот со огрона брзина.
Hulk with an absolute ROCKET 🚀 pic.twitter.com/8XwvH0Bk58
— All Things Brazil™ 🇧🇷 (@SelecaoTalk) July 20, 2025