193
Вардар го очекува дуелот со Лозана во второто квалификациско коло од Конференциската лига, а УЕФА веќе ги делегираше судиите за двете средби.
Првиот натпревар ќе се игра во Скопје на 24 јули со почеток во 20:30 часот на Националната арена „Тодор Проески“. Ческа судиска четворка ќе ја дели правдата, главен судија ќе биде Доминик Стари, а ќе му асистираат Јан Патак и Лукас Славичек. Четврти судија е Јан Махалек.
Реваншот во Швајцарија е закажан за 31 јули на „Стад де ла Туилер“ во Лозана. За регуларноста на мечот ќе се грижат израелски арбитри. Снир Леви ќе биде главен судија, а ќе му помагаат Ростислав Талис и Дор Медина. Четврти судија е Наел Одех.