Шкотланѓаните фрлија око на Македонци: Данди заинтересиран за Мартин Ѓорѓиевски!

by Стефан
1 минути читање

Според последните информации на порталот „RG“ фудбалерот на Брера Струмица, Мартин Ѓорѓиевски е пред трансфер во редовите на Данди.

Повикувајќи се на блиски извори од преговорите, преговорите за трансферот се во напредна фаза и самиот фудбалер изразил желба за преселба во шкотскиот клуб.

„Во изминатата недела имаше директни разговори меѓу клубовите, а Мартин Ѓорѓиевски е навистина заинтересиран за трансфер во ФК Данди. Очекуваме уште неколку рунди разговори во наредните денови со цел да се дојде до конечен договор“, потврдил извор близок на преговорите за „RG“.

Како единствена пречка во преговорите во овој наводно е начинот на исплата, Брера сака тоа да биде веднаш, додека Данди се обидува да договори исплата на неколку рати. Исто така би требало да има вметната клаузула за потенцијален следен трансфер.

Фото: DFB

Можно е и ова да ти се допаѓа

×