Пари Сен Жермен беше поразен од Челси во финалето на Светското клупско првенство, а сега францускиот гигант би мжел да се засили со најдобриот фудбалер на „сините“.
Одличен натпревар во финалето одигра Кол Палмер кој беше двоен стрелец и асистент во триумфот од 3-0, а набрзо по овој натпревар се појавија информации дека ПСЖ е подготвен да понуди дури 250 милиони евра.
🚨📍PSG are ready to drop heavy €250m offer for Cole Palmer. #CFC [Fichajes via @goal] pic.twitter.com/YtrLAGFYp4
— Williams ©️ (@CFCNewsReport) July 15, 2025
Ако навистина дојде до реализација на овој трансфер, тоа би бил нов светски рекорд во фудбалот.Рекордот во овој момент го држи исто така ПСЖ со трансферот на Нејмар од Барселона за 222 милиони.
Французинот се и на второто место на оваа листа со преселбата на Килијан Мбапе од Монако во Париз за 180 милиони ева. Така ако се остварат најавите за Палмер, ПСЖ во своја сопственост би ги имал првите три места за најскапите трансфери.