233
Марјан Ристовски е ново име во таборот на Пелистер за новата сезона во ПМФЛ.
Искусниот крилен напаѓач потпиша договор со битолчани за сезоната 2025/26 и е трето засилување на „зелено-белите“. Ристовски ќе му се стави на располагање на тренерот Димитар Капинковски и ова за него ќе биде кам-бек во мак-фудбалот бидејќи минатата сезона играше за грчка Кавала.
Во кариерата Ристовски има настапи за Кожуф, Тиквеш, Борец, Работнички, Силекс, Вардар и Брера. Во ПМФЛ зад себе има одиграни 124 меча и постигнати 20 погодоци.
Претходно Пелистер го засили тимот со Стефан Спировски и Петар Ристиќ.