326
Шпанскиот гигант Реал Мадрид вечерва го потврди ангажманот на Алваро Карерас за кого ова е враќање во редовите на „кралевите“ каде што помина три години од 2017 до 2020 годна.
Карерас во тој период настапуваше за кадетскиот и јуниорскиот тим, но подоцна си замина. Изминатата сезона одигра на високо ниво во дресот на Бенфика, а тоа го забележа и раководството на Реал Мадрид.
Според информациите на медуиумите, трансферот изнесува околу 50 милиони евра. „Кралевите“ потврдија дека Карерас се обврзал на версност од шест години и потпишал договор до 31 јуни 2031 година.
Фото: S.L Benfica/x