Лука Модриќ од вечерва и официјално е нов фудбалер на Милан, потврди италијанскиот гигант.
Модриќ во септември ќе наполни 40 години, но навивачите од него имаат огромни очекувања во новата сезона.
Хрватскиот ветеран со Милан стави потпис на едногодишен договор со можност за продолжување на уште една.
Со Реал Мадрид во изминатите 13 години, Модриќ освои се што можеше да се освои, вклучувајќи и шест трофеи во најелитното европско натпреварување, Лигата на шампионите.
Како што беше најавено во Милано нема да ја носи неговата „10-ка“ која е на грбот на Рафаел Леао и се одлучи за „14-ката“ која ја носеше во Тотнем и Динамо, како и еден период во хрватската репрезентација.
— AC Milan (@acmilan) July 14, 2025
It’s official: Luka Modrić is Rossonero ❤️🖤
— AC Milan (@acmilan) July 14, 2025
#WelcomeModrić pic.twitter.com/ur2atXySas