Беќири: Да докажеме дека сме подобар тим од ТНС!

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипата на Шкендија ќе се судри со ТНС во реванш натпреварот од првото квалификациско коло на Лигата на шампионите.

По ремито во Англија, сега тетовчани се во добра позиција да се борат за втора фаза. Тренерот Јетон Беќири зборуваше за средбата која следува на официјалната прес-конференција.

Оптимист сум и верувам дека играчите се подготвени за да прикажат добра фудбалска претстава, а се надеваме дека тоа ќе не одведе понатаму во Лигата на шампионите. Сакам да бидеме мирни и приземни, секој натпревар е посебна приказна. Традиционално подобри сме на домашен терен, посакувам да имаме контрола и верувам дека ако успееме, на крајот ќе се радуваме. Мора да се бориме за секоја топка, да покажеме дека сме подобра екипа од ТНС“, изјави Беќири.

Шкендија и ТНС ќе се судрат во вторник во 20:00 часот на нашиот најголем стадион.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×