Арчи Браун беше пред потпис со Милан, но Фенербахче им го украде на росонерите пред нос и тие потпишаа со Англичанецот. Турскиот клуб уште и го истрола италијанскиот гигант на социјалните мрежи.
Браун требаше да летне кон Милано и да го комплетира трансферот од Гент. Но, во тој момент доби телефонски повик од претседателот на Фенербахче, Али Коч кој успеа да го предомисли.
Вчера Англичанецот потпиша за Фенербахче кој на социјалните мрежи не пропушти да го пецне Милан.
Објавија видео како Браун лета со авион, неговиот трансфер прво е најавен за Милан, но потоа оди во Истанбул и потпишува за Фенербахче. На почетокот од видеото имаа и два авиони, првиот е на Фенер, вториот е италијански.
📍 Archie Brown İstanbul’da! pic.twitter.com/k8n3X1uMgm
— Fenerbahçe SK (@Fenerbahce) July 12, 2025
