Меси петти меч по ред постигнува по два гола, овојпат донесе победа над Нешвил! (ВИДЕО)

by riste
0 минути читање

Интер Мајами со 2-1 го победи Нешвил благодарение на два гола на Лионел Меси кој врза серија од пет натпревари по ред на кои постигнува по два погодока.

Првиот гол Меси го даде во 17. минута од слободен удар, тоа и беше единствениот погодок во првото полувреме.

По четири минути игра во вториот дел Нешвил го изедначи резултатот на 1-1.

Во 62. минута Меси искористи една катастрофална грешка на гостинскиот голман, пресече една топка и погоди за победа од 2-1.

Фото: X/Inter Miami

Можно е и ова да ти се допаѓа

×