Ла Фиорита вечерва беше немоќна во Скопје и Вардар славеше победа од 3-0 со која дојде на чекор од пласман во второто коло.
Стратегот Гоце Седлоски, очекувано беше задоволен од прикажаното на неговите фудбалери во вечерашниот дуел во кој доминираа од почетокот до крајот.
„Во првото полувреме влеговме под грч, некои наши фудбалери првпат играат европски натпревари, но ваквите противници се многу незгодни, од една шанса можат да ти дадат гол. Задоволен сум од второто полувреме, од играчите што ги внесов, веднаш направија разлика, поведовме и го добивме натпреварот. Ако некој ме прашаше пред натпреварот, ќе прифатев резултат 3-0. И во ревнашот ќе влеземе максимално сериозно, без разлика на убедливата победа. Задоволен сум од новите засилувањата, мислам дека и направивме добри измени. Вардаровиот дрес тежи, сите кои играа го дадоа максиумот,задоволен сум од сите.
За седум дена Вардар го чека реванш, меѓутоа според прикажаното вечерва најтрофејниот македонски клуб не би требало да има проблеми.