Сарајево со моќна објава го потврди ангажманот на Ристовски (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Македонскиот фудбалер Стефан Ристовски од вечерва и официјално е нов фудбалер на Сарајево, потврди клубот од БиХ.

Ристовски во Сарајево пристигнува откако го напушти Динамо кој не му понуди продолжување на соработката и раководството на клубот од БиХ очекува да биде големо засилување.

Договорот кој го потпиша Ристовски е со важност до 2027 година и можност да биде продолжен на уште една.

„Искуство и сила на десната страна. Стефан Ристовски е ннов фудбалер на ФК Сарајево“, порачаа од Сарајево.

Ангажманот на Ристовски во Сарајево доаѓа само неколку дена откако овој клуб го назначи поранешниот македонски репрезентативец, Крсте Велкоски за нов технички директор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×