Меси даде два гола и постави рекорд во МЛС! (ВИДЕО)

by riste
0 минути читање

Лео Меси со два погодока му донесе гостинска победа на Интер Мајами над Њу Ингланд од 2-1, притоа постави и нов рекорд.

Меси го отвори резултатот во 27. минута, а десетина минути подоцна постигна уште еден погодок за 2-0. Домаќините до крајот на мечот успеаа само да го ублажат поразот.

Со вториот гол Меси испиша историја во МЛС, стана првиот фудбалер во оваа лига кој постигнал два или повеќе голови на четири натпревари во низа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×