Динамо Загреб би можел да се засили со напаѓачот на Комо, Иван Азон, преговорите меѓу двата клуба се во тек.
Азон за два милиони евра од Реал Сарагоса пристигна во Комо, но не само што не се изнаигра во италијанскиот тим, туку не ни дебитираше. Причина за тоа се и повредите кои ги имаше, но и тактичките решенија на Сеск Фабрегас.
Се работи за 22-годишен шпански напаѓач. Комо преферира да го прати на позајмица во Динамо Загреб со цел таму да добие поголема минутажа, па потоа да одлучат дали ќе го задржат или ќе го продадат.
Азон има договор со Комо до 2029 година. Тој беше стандарден во Сарагоса за која одигра 150 натпревари.
Динамо Загреб и Комо веќе ова лето реализираа една зделка, Батурина потпиша за италијанскиот тим.
Фото: X/Real Zaragoza