Шкендија слета на „островот“ пред дуелот со Њу Сеинтс

by 24 фудбал
0 минути читање

Шкендија пристигна во Англија каде ќе го одигра првиот меч од квалификациите за Лигата на шампионите против Њу Сеинтс.

Тетовчани пристигнаа во Освестри, мал град блиску до границата со Велс, каде утре ги очекува првиот дуел од двомечот. Тимот на Јетон Беќири ќе одработи еден тренинг на „Парк Хол“ како подготовка за натпреварот.

Средбата е закажана за вторник од 20:00 часот по македонско време, а реваншот ќе се одигра во Скопје на 15 јули. Шкендија ќе се обиде со позитивен резултат од Англија да си ја олесни задачата на домашен терен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×