Џамал Мусиала ќе мора на операција и го чека долга пауза по тешката повреда здобиена на четвртфиналниот дуел од Светското клупско првенство против ПСЖ. Младиот германски репрезентативец заработи скршеница на левата нога и изместување на скочниот зглоб по еден остар дуел со Џанлуиџи Донарума.
Голманот на ПСЖ во обид да ја исчисти топката влета директно пред Мусиала и незгодно падна врз него. Првичните прогнози се дека Мусиала ќе паузира четири до пет месеци.
По натпреварот, Донарума се огласи на социјалните мрежи со порака:
„Се молам за тебе и ти посакувам брзо закрепнување.“
Според медиумите, Италијанецот се обидел да стапи во контакт и лично, но Мусиала веќе бил пренесен во болница. Дополнително, му испратил неколку пораки како поддршка.