Месињо се сретна со Меси: Нозете ми се тресеа, беше надреално! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Ноќеска Интер Мајами и Палмеирас одиграа 2-2 и двете екипи се пласираа во осминафиналето од Светското клупско првенство, а интересно беше да се видат 38-годишниот Меси и 18-годишниот Естевао Вилијан.

Меси и Естевао на полувремето ги разменија и дресовите во тунелот, а таа сцена стана хит на социјалните мрежи.

„Меси ми намигна и нозете ми се тресеа веднаш на почетокот од мечот. Тоа беше надреално. Тој е идол, пример не само за мене, туку за целиот свет. Беше огромна чест да го делам теренот со него“, рече Естевао по мечот.

Естевао на почетокот од својата кариера го имал прекарот Месињо, токму по Меси.

А за каков талент се работи говори фактот дека од идната сезона ќе игра за Челси. Палмеирас му го продаде Естевао на англискиот клуб за 34 милиони евра, со бонуси трансферот може да стигне дури до 60 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×