255
Oткако го раскина договорот со Динамо Загреб, Аријан Адеми кариерата ја продолжува во унгарски Ујпешт.
Овој клуб го потврди ангажманот на Адеми кој пристигнува како слободен играч.Во Ујпешт тој ќе соработува со неговиот поранешен тренер во Динамо Дамир Крзнар.
„Добро го познавам Адеми од Динамо и тој е вистински лидер и фудбалер кој е способен да ви ја донесе победата. Навистина е скромен и знае што сакам да видам, верувам дека ќе ни биде од огромна помош“, изјави Крзнар.
Динамо, Адеми го напушта како најтрофеен фудбалер во клупската историја со 24 освоени титули и одиграни 430 официјални натпревари.