Први зборови на Жоан Гарсија како нов фудбалер на Барселона

by bojan
1 минути читање

„Каталонците“ попладнево го комплетираа трансферот на Жоан Гарсија, голманот вели дека е многу среќен и со нетрпене чека да ја започне авантурата на Камп Ноу.

Барселона попладнево го промовираше Жоан Гарсија како прво засилување за сезоната, голманот стави потпис на договор со трајност до 20. јуни 2031 година.

„Многу сум среќен, со нетрпение го чекав овој ден и еве конечно пристигна“ – вели Жоан Гарсија, кој направи големо предавство и од редовите на Еспањол се пресели во лутиот градски ривал.

„Мојата цел е да продолжам да напредувам, да победувам и да освојам трофеи со Барса. Затоа дојдов тука“.

Тој потоа додаде: „Имаме млад тим, со многу квалитетни играчи и возбудлив прокет. Имам и среќа што познавам дел од нив. Себеси се сметам за храбар голман, секогаш подготвен да му помогнам на тимот во било каква ситуација. Исто така сметам дека сум прилично брз на гол-линијата, со добри рефлекси, а се трудам да придонесам и во воздушните дуели“.

За реновираниот Камп Ноу, Жоан Гарсија вели: „Прилично е импресивен. Едвај чекам да заиграм тука за прв пат. Сигурен сум дека ќе славиме многу победи на овој стадион“.

ФОТО: X/FC Barcelona

Можно е и ова да ти се допаѓа

×