Ливерпул договори уште едно солидно засилување!

by 24 фудбал
1 минути читање

Милош Керкез, унгарски репрезентативец со српско потекло, ќе биде нов фудбалер на Ливерпул, откако Борнмут прифати понуда вредна 40 милиони фунти од новиот шампион на Англија.

Левиот бек во наредните денови ќе ги помине задолжителните медицински прегледи и ќе стави потпис на договор со „црвените“, кои под водство на Арне Слот активно го градат тимот за новата сезона. Претходно беа договорени трансферите на Џереми Фримпонг и Флоријан Вирц, кој исто така е на чекор до „Енфилд“.

Керкез минатата сезона одигра 38 натпревари за Борнмут, при што постигна два гола и запиша пет асистенции.

Интересно е што спортскиот директор на Ливерпул, Ричард Хјуз, токму минатата година го доведе Керкез во Борнмут од АЗ Алкмар за 18 милиони евра – сега ќе го има повторно во својот тим, но за повеќе од двојно повисока сума.

Фото: AFC Bournemouth/Twitter

Можно е и ова да ти се допаѓа

×