Официјално: Струга пронајде наследник на Илчо Ѓорѓиоски

by Стефан
0 минути читање

Eкипата на Струга денеска го промовираше Бледи Шкемби за наследник на Илчо Ѓорѓиоски кој го предводеше тимот во изминатата сезона.

Во прашање е тренер со големо искуство зад себе кој беше дел од Скендербеѕ кога овој тим шест пати во низа ја освојуваше титулата во Албанија, но и стигна во групната фаза од Лигата на Европа.

Во тренерската кариера работеше во екипи како: Тирана, Теута, Динамо Сити, Лирија и Блкани. Но исто така ги предводеше младинските селекции на Албанија до 17 и 19 години.

Со Струга Шкемби потпиша договор на две години со можност за продолжување на уште една.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×