355
Лионел Меси синоќа со прекрасен гол од слободен удар му донесе голема победа на Интер Мајами над Порто од 2-1, а по мечот зборуваше и за ривалството меѓу него и Кристијано Роналдо.
Ривалството меѓу Меси и Роналдо е вечна тема која никогаш нема да биде затворена.
„Имам голема почит за Кристијано. Ривалството меѓу мене и него беше само на теренот“, вели Меси.
„Секој фудбалер сакаше да го даде најдоброто за неговиот тим. Надвор од тоа, ние сме само двајца нормални луѓе“.
„Не сме пријатели, се разбира, бидејќи никогаш не сме играле заедно, па не сме го минувале времето заедно, но секогаш сме имале голема почит еден за друг“.