Ристовски: Динамо ми е најмил клуб во кариерата, но не го исполнија тоа што ми го ветија!

by riste
1 минути читање
Ристовски се сели во редовите на босанскиот гигант Сараево.

Македонскиот фудбалер, Стефан Ристовски за хрватските медиуми проговори за начинот на кој се раздели од Динамо Загреб.

Ристовски по четири ипол години во Динамо Загреб, го напушти хрватскиот клуб и наскоро треба да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.

„Динамо ми е најмил клуб во кариерата. Оставив пет најдобри години во тимот, моето семејство уживаше во Загреб. Оваа разделба ми е навистина тешка. На почетокот на годината се враќавме од патување, а Велимир Зајец на аеродромот ми кажа да не се грижам затоа што ќе потпишеме нов договор. Мислев дека сè е завршено, но набрзо почнаа да се менуваат работите. Почувствував каде води тоа и ми кажа дека без оглед на сè сака господски да се разделиме“, откри Ристовски.

Тој се надевал дека работите може да се променат, но тоа не се случило.

„Требаше да имаме состанок, но јас заминав во Македонија. Динамо е мој клуб и сакав да заминам како победник. Си заминав со чист образ, полно срце и гордост“, објасни македонскиот фудбалер.

Фото: Facebook/GNK Dinamo Zagreb

Можно е и ова да ти се допаѓа

×