Џеко пристигна во Италија на медицински тестови, се враќа во Серија А (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Босанскиот напаѓач, Един Џеко замина од Фенербахче и наскоро ќе биде преставен како засилување на новиот тим.

Се работи за Фиорентина која ќе потпише со Џеко, а според договорот неговата годишна плата ќе изнесува 1,5 милиони евра.

Босанецот пристигна во Фиренца каде ќе ги помине медицинските прегледи и ќе стави потпис на договорот со италијанскиот клуб.

Фиорентина ќе биде трет клуб на Џеко во Италија, тој во Серија А играше уште и за Рома и Интер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×