Светското клупско првенство барем на почеток не изгледа како погодок на ФИФА, бидејќи Светската фудбалска организација се соочи со слаба заинтересираност.
Турнирот ќе го отворат Ал Ахли и Интер Мајами, а ниту тоа што е Меси во составот на МЛС тимот не помогна билеите полесно да се продаваат. Поради тоа од ФИФА се одлучија на една невобичаена одлука.
Имено, тие ги преместија сите навивачи кои имаат билет на друга позиција на стадионот со цел на ТВ екраните да изгледа дека има повеќе гледачи.
Тактиката била открина откако навивачите кои имале купено билети, добиле информација дека ќе треба да ги променат местата.
Ќе потсетиме, ФИФА претходно се обидуваше и да го наполни стадионот со билети од по 3.5 долари на студенти, a се правеа и одредени пакети.