Шкендија се засили голман на Гамбија!

by Стефан
0 минути читање

Македонскиот прволигаш Шкендија од Тетово го претстави новото име во своите редови. станува збор за репрезентативецот на Гамбија, Бабукар Гаје.

Гаје е роден во Германија, а фудбалскиот пат го започнал во младинскиот погон на Билефелд, од каде се преселил во Арминија Билефелд, а потоа и во вториот тим на Штутгарт.

Во македонската Прва лига минатата сезона бранеше за екипата на Воска Спорт, каде што запиша 10 настапи и прими 14 голови. Сега, со потписот за Шкендија, се очекува да донесе дополнителна стабилност на голманската позиција за тетовскиот клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×