279
Барселона сака да се ослободи од Ансу Фати, но тешко им оди, тој беше пред трансфер во Монако, а како што сега стојат работите тој нема да се случи.
Проблем за реализација на трансферот на Фати во Монако е платата која ја бара Фати. Тој не сака да добива помалку од она што го има во Барселона.
Платата на Фати се проценува меѓу 12 и 16 милиони евра бруто.
Реални се шансите Фати да стане уште еден од фудбалерите на Барселона со голема плата кои не сакаат да заминат поради тоа што никој друг не сака да им ја даде таа сума.