Нема други како Турците: Повеќе од милион фанови на Галата во живо го следеа летот на Сане! (ФОТО)

by riste
0 минути читање

Лерој Сане ноќеска пристигна во Истанбул каде во текот на денешниот ден треба да го комплетира трансферот во Галатасарај, тој таму оди како слободен играч откако му заврши договорот со Баерн Минхен.

Меѓу навивачите на Галатасарај има невидена еуфорија поради трансферот на Сане. Доказ за тоа е дека повеќе од 1.100.000 фанови на турскиот клуб го следеле летот на фудбалерот преку јутјуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×