„90 минути на „Бернабеу“ е многу, многу долго време“ – четворица фудбалери на Реал одржале говор во соблекувалната

by Стефан
1 минути читање

Реал Мадрид доживеа болен пораз во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Арсенал (3-0)

Арсенал беше многу подобар противник во текот на целиот натпревар и заслужено славеше победа, па Реал сега ќе мора се обиде да направи пресв на свој стерен во Мадрид.

Според информациите на шпанскиот новинар Хозе Педрерол, четворица фудбалери на Реал Мадрид одржале говор во соблекувалната по тешкиот пораз и тоа биле: Валверде, Винисиус, Мбапе и Белингем.

„Заслужија сега аплауз, ќе им направиме пресврт во реваншот. Мораме да покажеме кој е Реал Мадрид. Целта ќе биде да постигнеме гол во првите 15 минути, тогаш се ќе биде можно“, биле зборовите кои можеле да се слушнат во соблекувалната.

„Шест дена го делат Реал од уште една европска ноќ во која ќе покаже зошто се вика „кралски клуб“. Ќе биде тешко, но овој тим може да направи пресврт. Мораме да ја одбраниме честа, вакви работи не смеат да се случуваат“, наводно биле зборовите на Валверде.

Педрерол открива и дека најчестата реченица помеѓу фудбалерите на Реал овие денови е:

„90 минути на „Бернабеу“ е многу, многу долго време“.

Очигледно самодовербата нема да недостасува во тимот на Реал Мадрид, а што ќе се случува на теренот останува да видиме.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани