70 години се чекаше за два пати во 24 часа да се испише историја, Аталанта му се придружи на Интер

by
1 минути читање

70 години се
чекаше една екипа да постигне најмалку 100 погодока во една календарска
година во Серија А, а сега два пати во 24 часа се испиша нова историја.

Најпрво синоќа
Интер за прв пат во својата историја ја надмина оваа магична бројка, за попладнево
истото да го стори и Аталанта.

„Нероаѕурите“ од
Бергамо можеби загубија од Рома и ќе бидат разочарани, но ќе влезат во
историјата како петтиот клуб кој постигнал барем 100 погодока во една
календарска година.

Во ова одбраното друштво уште се Милан (105 гола во 1949 година и 120 гола во 1950 година), „Гранде“
Торино (111 гола во 1947 година и 114 гола во 1948 годна) и Јувентус (100 гола
во 1933 година)

Можно е и ова да ти се допаѓа

×