311
Весникот „Ла Република“ пишува дека неименуваниот маж бил уверен дека девојка му има нешто повеќе со Балотели од обично пријателство.
Тој бил љубоморен на нејзината дружба со славниот фудбалер и неколку пати ја тепал. Самиот Балотели во неколку наврати интервенирал во тие напади.
Човекот веќе бил осуден со две години затвор поради тепање на претходната девојка што ја имал. Неговото сегашно насилство може да му донесе затворска казна до 13 години.